Муцунски на средба со министерот Бајрамов во Баку: Зајакнување на билатералната соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Баку оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Разговорите беа фокусирани на продлабочување на билатералната соработка, економските односи и дипломатските врски меѓу двете земји.
Засилена соработка во економијата, инвестициите и енергетиката
Двајцата министри изразија задоволство од досегашната динамика на односите меѓу Северна Македонија и Азербејџан, потенцирајќи ги можностите за натамошен развој во областите на економијата, трговската размена, инвестициите, енергетиката и туризмот.
„Одличната политичка соработка меѓу нашите земји претставува силна основа за унапредување на дипломатските и економските односи,“ истакнаа министрите.
Потпишан Договор за укинување на визниот режим
Како дел од средбата, министрите потпишаа Договор за укинување на визниот режим за носители на дипломатски и службени пасоши, што ќе овозможи поинтензивна комуникација и поефикасна институционална соработка.
Оваа официјална посета на Баку претставува значаен чекор кон зајакнување на релациите меѓу Северна Македонија и Азербејџан, со акцент на економската и дипломатската соработка во иднина.
Силјановска Давкова во Азербеџан
Македонската делегација во Азербеџан е предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова. Таа вчера во Баку оствари тет-а-тет средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.
Средбата се одржа во рамките на нејзината официјална посета на земјата. По средбата, се одржа и пленарен состанок на делегациите на двете држави.