Разговор за унапредување на билатералните односи и европската агенда
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски разговараше телефонски со Анита Орбан, советник за надворешна политика на унгарската партија TISZA. Во фокус беа билатералните односи, економската соработка и европската перспектива на земјата.
Муцунски упати честитки за изборниот резултат на партијата.
Од Министерството информираат дека биле потврдени добрите односи меѓу двете страни и подготвеноста за нивно понатамошно унапредување, особено во политичката, економската и трговската област.
Во разговорот била истакната поддршката од Унгарија за евроинтегративниот процес на државата. Соговорниците размениле мислења и за актуелните состојби во Европа и поширокиот геополитички контекст.
