Скопје, 30 август 2021 – Полициски службеници од ПО за БПС Неготино денеска, во периодот од 06 до 09 часот, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на Неготино, при што санкционирани се 17 возачи. Пет возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 652 возачи. Од нив, 61 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 312 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 340 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 25 за управување под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон, една за минување на црвено светло, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила.

Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Љуботен кон населба Бутел се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (30.08.2021) во периодот од 06.00 до 09.00 часот на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 31 прекршок. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 7 други прекршоци.

На 29.08.2021 во 21.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Демир Хисар, кај с.Кадино Село на мостот од Прилепска река, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.М.(43), констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 29.08.2021 во периодот од 13 до 19 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 63 мерки по акциската контрола. Вкупен број на возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина во населено место се 40, додека 23други возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 30.08.2021 во периодот од 06 до 09 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 25 прекршоци, од кои 14 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 11 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 29.08.2021 во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 72 прекршоци, од кои 25 на подрачјето на Штип, 16 Свети Николе, 12 Берово, 7 Виница, 6 Делчево, 3 Кочани и 3 Пробиштип.. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 17 останати прекршоци.

На 29.08.2021 година во периодот од 13.00 до 19.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над учесниците во сообраќајот, при што биле констатирани 73 прекршоци сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 1 возач управувал моторно возило со брзина над 50 км/ч повеќе од дозволеното, а 14 возачи управувале возила со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч повеќе од дозволеното. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Иминатиот викенд (28/29 август) од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата било констатирано дека 9 возачи(ТЕ-5 и ГВ-4) управувале возила под дејство на алкогхол и биле исклучени од сообраќај. На прекршителите им биле соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, како и со одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

На 29.08.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, А.Д.(38) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар бил каснат каснат од куче скитник.

На 29.08.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Драчево, С.Т.(26) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (29.08/30.08.2021) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 87 прекршоци.