Полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска во 13:10 часот го лишиле од слобода Л.Ф. (59), бидејќи при претрес во неговиот дом во гостиварско Форино биле пронајдени 13 пакувања со прашкаста материја, четири кутии метадон и повеќе предмети со остатоци со прашкаста материја.

Како што соопшти МВР, пронајдените предмети и прашкастата материја се одземени за вештачење, а лицето е приведено и задржано во полициска станица. По комплетно документирање на случајот против Л.Ф. ќе биде изготвен соодветен поднесок