Полицијата вчера привела 26-годишен маж кој бил фатен при извршување кражба во Уметничката галерија Безистен во Штип, по што и претходно украдените предмети од галеријата биле вратени.

– Вчера полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип. Тој бил затекнат при извршување кражба во Уметничката галерија Безистен во Штип. Исто така, тој се сомничи и дека претходно во неколку наврати извршил кражби во галеријата, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и биле предадени на Националната установа завод и музеј Штип, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.