Министерството за внатрешни работи демантира дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред два дена во Охрид каде СДСМ имаше настан користел службени возила.
-Министерот за внатрешни работи, согласно закон, никогаш досега не користел службено возило за партиски цели и таквата практика ќе продолжи. Патничкото возило во кое министерот за внатрешни работи се превезуваше во Охрид, на активност на СДСМ, не е сопственост на МВР, се вели во демантот.