Правила за вработени и посетители во службените простории
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи.
Како што наведуваат од МВР, целта е одржување на професионален стандард, дигнитет на институцијата и меѓусебна почит, при што соодветното облекување придонесува за подобра работна атмосфера и поголема почит кон државните институции.
Апел до граѓаните и обврски за вработените
Од МВР апелираат граѓаните при посета на просториите за издавање лични документи, пасоши или други услуги да се придржуваат до општоприфатените норми за јавни институции.
Истовремено, нагласуваат дека и сите вработени се должни да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување во рамки на Министерството.
