Најкритично во подрачјето на Марибор

Словенија денеска е погодена од силно невреме проследено со дожд и силен ветер, кој предизвика материјална штета во повеќе делови од земјата.

Според Словенечката управа за заштита и спасување, најлоша е состојбата во регионот на Марибор, каде се пријавени најголем број интервенции.

Ветер со брзина до 85 км/ч на аеродромот кај Љубљана

Силниот ветер носел кровови од комерцијални и станбени објекти, а на повеќе локации се соборени и дрвја.

На аеродромот во близина на Љубљана се измерени налети на ветер од околу 85 километри на час, што дополнително го отежнало сообраќајот.

Метеоролозите најавуваат нови нестабилности

Метеоролозите предупредуваат дека и во наредните часови можни се поројни дождови и грмотевици. Службите за итни интервенции остануваат на терен и ја следат состојбата.