Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја запишаа и третата победа сезонава во АБА 2 лигата триумфирајќи во петтиот натпревар против Борац Бања Лука со 67-61, објави Екипа.
Повеќе од заслужена победа на „металците“ кои имаа контрола на играта и резултатот во текот на целиот дуел. Откако ја добија првата четвртина со 19-8, македонските кошаркари им дозволија на противниците да се вратат во вториот период од играта намалувајќи на само три поени предност за МЗТ на полувремето (29-26).
Сепак, одлично одиграна трета четвртина за МЗТ Скопје која ја доби со 30-17 по што беше јасно дека ќе биде однесена победата. Кошаркарите на Борац Бања Лука успеаја да намалат во последната четвртина, но сепак не и за пресврт за конечна победа на МЗТ од 67-61.