Иако во сите други држави новогодишните куќарки се тргаат уште во јануари непосредно по новогодишните празници, кај нас е поинаку. Неажурноста на Данела Арсовска доведе до ваква несекојдневна ситуација која честопати беше мета на сеир на локалците, туристите, а најмногу за тоа се пишуваше по Твитер каде се упатуваа низа сатирични коментари на контото на Арсовска.
„Можеби последна го накити градскиот плоштад, но затоа и последна го раскити“, гласат сатиричните коментари.
Утрово плочникот на градскиот плоштад „Македонија“ повторно е празен. Сепак, на дел од скопските улици се уште стојат новогодишни украси. Под знак прашалник останува кога и дали ќе бидат отстранети истите.
Дрвените куќарки повеќе не го узурпираат просторот на главниот плоштад. Останува прашањето дали овие куќарки се тргнати заради некој од митинзите кои ќе следат во следниот предизборен период.