Судот во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка што се води против неа. Судницата одлучила судењето да продолжи во нејзино отсуство, а денеска се сослушуваат вештаци на предлог на одбраната.
Судијата Спиро Борисов образложил дека Законот за кривична постапка предвидува ваква можност во ситуации кога треба да се испитаат сведоци или вештаци, а не и обвинети лица. Поради тоа, барањето на Михаилова за учество преку видеоврска не било прифатено.
