Американецот со мароканско потекло е избран за полуфиналето, а Британците потсетуваат на неговите претходни натпревари
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одреди Исмаил Елфат за главен судија на полуфиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Аргентина и Англија.
Мечот ќе се одигра утре од 21:00 часот во Атланта, а на Американецот со мароканско потекло ќе му помагаат неговите сонародници Кори Паркер и Кајл Аткинс.
Изборот на судијата привлече внимание во англиските медиуми. „Дејли мејл“ објави текст во кој се осврна на фактот дека Елфат претходно судел четири натпревари на Лионел Меси откако аргентинската ѕвезда настапува во САД.
Според весникот, Меси победил на сите четири натпревари, поради што кај дел од англиските навивачи повторно се појавиле сомнежи за можно фаворизирање.
Елфат со искуство на големи натпревари
„Дејли мејл“ во насловот на текстот наведува:
„Лионел Меси го добива својот омилен судија за полуфиналето на Светското првенство Англија против Аргентина и покрај теориите на заговор дека турнирот бил наместен“.
Елфат на ова Светско првенство ќе го суди четвртиот натпревар. Тој претходно беше четврти судија на финалето на Мундијалот во Катар во 2022 година.
Британскиот медиум исто така потсети дека Американецот пред турнирот во МЛС лигата покажал 41 жолт и три црвени картони на десет натпревари, а досудил и три пенали.
Англиските медиуми го спомнаа и натпреварот меѓу Бразил и Норвешка во осминафиналето, кога Елфат првично не досудил пенал за Бразил по прекршок врз Матеус Куња.
Одлуката подоцна ја променил по прегледување на ВАР снимките.
