Краткото, но интензивно невреме со силен ветер што го погоди Скопје вчера попладнето, предизвика големи штети.

Сите граѓани на кои им е потребна помош, да пријават штета или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број 112, но и на:

072314929

072314909

02/3297-204

Поради силното невреме што го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, беш целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција , информираа од Град Скопје.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека е урнат кровот на ООУ „Наум Наумовски Борче“, а пријавени се и голем број паднати дрвја. За пријавување паднати дрвја достапен е бројот 075 320 178.

Во Општина Аеродром, градоначалникот Дејан Митески соопшти дека Општинскиот кризен штаб е активиран во координација со МВР и Град Скопје. Граѓаните што претрпеле штета треба да ја пријават во Полициската станица – Аеродром, за да се изготват записници и навремено да се евидентираат штетите.

Останати општини: телефони за пријавување
Центар – 075 219 068, 076 350 767
Карпош – 071/322-790 (со наведена точна локација и краток опис на проблемот)
Ѓорче Петров – 070 298 508 (Даниел)
Чаир – 112
Кисела Вода – 072 250 719 (Бобан), 072 443 500 (Димитар)
Бутел – 078 517 344