Оваа вест ја потврди Тоширо Никаи, генералниот секретар на владејачката Либерлано – демократска партија во Јапонија.

Јапонија се соочува со пораст на бројот на заразени со коронавирусот, а бројките се повисоки и во Токио, каде треба да се одржат Олимписките игри. Откако Владата ја прогласи вондредната состојба, најголем број на новозаразени има во Осака и токму затоа веќе се размислува на целосно откажување на Игрите.

-Ако инфекцијата повторно се рашири заради подготовките за Олимписките игри, не знам која е поентата на одржување на истите, изјави Никаи.

Иако организаторите не ретко излегуваат во јавноста дека одржувањето на Игрите е безбедно, Никаи е многу внимателен по тоа прашње.

-Ќе мораме да донесеме одлука на основа на она што тогаш ќе се случува. Ако одржувањето не биде безбедно, ќе мора да ги откажеме Игрите без трошка разислување, вели Никаи.

Игрите се планирани да се одржат од 23 јули до 8 август, а Никаи истакана и дека на Јапонија примарна цел и е да се одржи најголемиот спортски настан и дека пред организаторите има многу нерешени проблеми.

Стручњаците веќе некое време предупредуваат за четврти бран на коронавирусот во Јапонија, а проблем прави и бавната вакцинација. Јапонија моментно ја има одобрено вакцината на Фајзер, а околу еден милион луѓе од вкупното население од 126 милиони се вакцинирани со две дози.