Тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија оваа година ќе се вратата на Вилблдон, пишува „Дејли мејл“. Минатата сезон, настапот им беше забранет, поради војната во Украина.
На руските и белоруските тенисери ќе им биде дозволено да играат на Вимблдон во 2023 година, но ќе бидат исфрлени од престижниот турнир доколку ја поддржат војната.
Исто така, тие ќе се натпреваруваат под неутрално знаме, а не под знамето на нивните земји.
Од руските играчи нема да се бара јавно да кажат дека се против војната, но можеби ќе треба да потпишат кодекс на однесување пред турнирот, но тоа се уште не е веродостојна информација.
Данил Медведев изјави дека би бил многу среќен да се натпреварува оваа година на Вимблдон.
Оваа година Вимблдон ќе се одржи од 3 до 16 јули.