Користејќи роботска рака, системот AutoVacc може да извлече 12 дози вакцина од шишенцето за четири минути, што е за 20 проценти повеќе од стандардните 10 дози добиени рачно.

Машината во моментов работи само со шишенцата на „Астра Зенека“, на кои пишува дека содржат од 10 до 11 дози.

– Дополнителни 20 проценти значи дека ако имаме „Астра Зенека“ за милион луѓе, оваа машина може да го зголеми бројот на дози за 1,2 милиони, рече Јутамас Ратанварапорн, главен научник во Универзитетскиот центар за биомедицинско инженерство.

Таа додаде дека некои здравствени работници кои користат шприцеви со мал волумен (ЛДСС) можат рачно да извлечат до 12 дози од шише, но ова бара повеќе работна сила и високо ниво на вештина.

Тајланд генерално добро ја контролира пандемијата на „Ковид-19“, но Делта сојот го зголеми бројот на новозаразени и смртни случаи од април, зголемувајќи го притисокот од властите за забрзување на вакцинацијата.