Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за возач почетник…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.