Професорот по уставно право, Енвер Хасани, оцени дека нацрт-статутот на ЗСО предложен од премиерот на Албанија, Еди Рама, во извесна смисла наликува на проект за поделба на Косово.
Хасани смета дека Рама направил сериозна грешка кога го предложил тој нацрт.

– Знаете, изгледа парадоксално, но филозофски се поистоветува во државна смисла со проектот за поделба на Косово. Кога велите дека Косово го прави ова, вие всушност велите дека Косово нема мозок, нема институции, нема тело – рече тој.

Хасани додава дека албанскиот премиер може да зборува само за Косово кога се во прашање евроатлантските структури.

– Со вас не можеме да се повикуваме на суверена и независна држава. Може ли Романија да зборува за Молдавија? Ниту Германија за Австрија и обратно – рече Хасани.

Тој изјави дека Рама со своите изјави против Србија само ги повторува барањата на НАТО.

– Се однесува како премиер на земја членка на НАТО. Тоа е линијата на НАТО. Тоа барање е НАТО. Со тоа ја зазема страната на Западот, а не на Косово – заклучи Хасани.