Претходно Шпан за телевизија АРД најави дека до средината на јули ќе бидат имунизирани 90 проценти од луѓето кои сакаат да се вакцинираат.
Вакцинацијата во Германија почна кон крајот на декември, а први имунизирани беа повозрасните лица, лекарите и здравствени работници и луѓе со социјално значајни професии.
Од 7 јуни, германските власти планираат да ја откажат приоритетната вакцинација на одредени групи луѓе. Германија ги користи вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и на „Џоснон и Џонсон“.