Повеќе од илјада новинари се пријавиле да известуваат од состанокот меѓу претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, кој ќе се одржи на 16 јуни во Женева, изјави денеска портпаролот на швајцарското Министерство за надворешни работи, Пјер-Алан Елтшингер.
– Аплицирале повеќе од илјада новинари, истакна Елтшингер.
Според него, швајцарското МНР ќе продолжи да ги проверува податоците во пријавите, со цел побрзо да заврши процесот на акредитација.