Германското министерство за економија чека зелено светло за предложената финансиска поддршка, објави вчера берлинскиот весник „Тагесшпигел“. Министерството не го коментирало извештајот.

На почетокот на годината, Европската комисија одобрила 2,9 милијарди евра државна помош за 12 земји -членки, за производство на батерии за електрични автомобили.

Европскиот проект за иновации во батериите обезбедува средства за екстракција на суровини, дизајн и производство на ќелии и рециклирање и отстранување на батериите, а е предложен од Австрија, Белгија, Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Полска, Словачка, Шпанија и Шведска.

Дванаесет земји од Европската унија планираат да обезбедат 2,9 милијарди евра за нејзино финансирање во наредните години и нивната поддршка треба да мобилизира дополнителни девет милијарди евра во приватни инвестиции.

Производството во Grünheide требало да започне во јули, но било одложено поради голем број проблеми, потсетува германската новинска агенција, додавајќи дека Tesla го поместила рокот за почеток на производството до крајот на годината.