Некогашниот најбрз човек на светот, Усеин Болт, открива дека животот по завршувањето на спортската кариера носи нови предизвици за неговата физичка форма. Легендарниот спринтер заработи повреда на Ахиловата тетива по пензионирањето, што резултираше со период на ограничена активност.

„Сега вежбам главно во теретана, ама не сум љубител. Морам повторно да почнам да трчам бидејќи сега некогаш кога се качувам по скали останувам без воздух, затоа мора да се вратам во нормала“, изјави Болт за „Гардијан“.

Болт во текот на својата кариера освои осум олимписки златни медали и 11 титули светски првак. Неговиот рекорд на 100 метри од Олимписките Игри во Пекинг, 9.58 секунди, сè уште важи како светски рекорд.