Со тоа, професорката вели, дека тие покажале „недоверба кон шефот“.
– Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба. Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот. Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?, искоментира Најчевска на социјалните медиуми.
Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба.
Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот.
Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?https://t.co/6EP7lQt5kh— Мирјана Најчевска (@ibogovitelicno) April 12, 2021
Владиката Петар и Владиката Агатангел се хоспитализираниоткако биле тестирани позитивни на ковид-19. Владиката Петар за Сител рекол дека не бил на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е хоспитализиран пред некој ден.