Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата актуелниот премиер Димитар Ковачевски според кој „во првите 5 години кога ќе влеземе во ЕУ, платите ќе се зголемат од 70 до 100 проценти.

Кога ќе влеземе во ЕУ сонцето ќе изгрева на запад, воздухот ќе стане кристално чист, Ковачевски ќе има интелигенција над собна температура, Артан Груби ќе стане борец за човекови права, Османи ќе престане да сонува за големо Косово со главен град Скопје, а наместо Бугарија сосед ќе ни биде Финска.

Сум слушнала и поглупи вицови ама не и посмешни.

Се срамам бре од секој функционер кој е во моментов во власта. Од прв до последен.
Проблемот е во тоа што и овие кои изиграваат опозиција не ги бива ни за куќен совет.
Мислам дека треба да се обединат сите со интелигенција над собна температура и да ја преземат власта.

Веќе не е во прашање никаква идеологија туку здрав разум…“ објави Најчевска на Фејсбук.