Најк на сите вработени во канцелариите на корпорацијата овој месец им дава една недела одмор.

Според Си-би-ес њуз, компанијата се одлучила на таков потег со цел да ги ослободи вработените од стрес.

Најавата за слободни денови на вработените во канцелариите на Најк на Линкдин ја објави менаџерот за глобален маркетинг на Најк, Мет Марацо.

„Вака испраќаме јасна порака: Земете време да се опуштите, да се справите со акумулираниот стрес и да поминете време со најблиските. Не работете”, напиша Марацо на Линкдин.

„Во вакви времиња, многу сум благодарен што сум дел од овој тим. Во година (или две) што се толку различни од сите други, одвојувањето време за одмор и закрепнување е клучно за одржување на менталното здравје, но и за понатамошна ефикасна работа“, додаде менаџерот на Најк во објавата.

„Не е само една недела одмор, тоа е признание дека можеме да го ставиме менталното здравје на прво место и сепак да ја работиме својата работа“, напиша Марацо.

Најк не е првата компанија што направила таков потег. Претходно, ова го направи компанијата Бумбл, која на своите вработени, 700 од нив, им даде една недела одмор за да се спречи т.н. синдром на прегорување (анг. burnout)