Повеќе од 300.000 луѓе вчера ги напуштија своите домови, а околу 18.000 и денеска се во засолништа.

Тајфунот Раи стигна до северниот остров Палаван, популарна туристичка дестинација.

Метеоролозите најавија дека тајфунот во текот на ноќта ќе продолжи да се движи низ Јужното Кинеско Море кон Виетнам.
Супер тајфун е силен циклон еднаков на ураганот од највисоката категорија (пет) во САД. Во светот во просек годишно има околу пет вакви тајфуни.