Американската софтверска компанија разви технологија за препознавање лица и има колекција од повеќе од 10 милијарди фотографии од целиот свет кои полицијата и разузнавачките агенции ги користат како пребарувач за нивните истраги. Колекцијата на Clearview од јавно достапни фотографии од лицата на граѓаните на социјалните мрежи и на интернет нема правна основа и ги прекршува прописите за приватност на податоците на ЕУ, предупреди CNIL во официјалното барање до компанијата да престане да собира податоци за Французите.

Clearview не побара согласност од граѓаните пред да почне да ги собира нивните фотографии на интернет, нагласи францускиот регулатор.

-Тие биометриски податоци се особено чувствителни, првенствено затоа што се поврзани со нашиот физички идентитет, со тоа кои сме ние и овозможуваат наша единствена идентификација, се вели во соопштението на CNIL.