Најмалку 14 загинати
Средствата беа исплатени за помош за санирање на штетите предизвикани од катастрофалните поплави кои однесоа најмалку 14 животи.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик упати најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и посочи дека Република Српска стои на располагање на сите места во Федерацијата Босна и Херцеговина кои се загрозени од поплави, соопшти Кабинетот на претседателот Додик.
Додик најавува и дополтенителна помош од Република Српска
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека Српска е целосно на располагање на сите места во Федерацијата Босна и Херцеговина кои се загрозени од поплави.
„Ја изразуваме нашата солидарност во овие моменти и нашите тимови за цивилна заштита ќе направат се што е во нивна моќ да им помогнат на ранливите“, напиша Додик на платформата X.
Во Јабланица се сомневаат на 20 жртви
Најтешка е ситуацијата во Јабланица на северот на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК), каде според неофицијалните информации што ги објави министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез, најмалку 20 лица загинале во поплави и лизгање на земјиштето.
Тој за Ал Џезира изјави дека од урнатините биле спасени едно дете и една жена.