Најмалку 23 лица загинаа, а околу 25 се водат како исчезнати откако денеска потона брод во реката Каротоа во северен Бангладеш, соопшти полицијата.

Пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите.

Во моментот на несреќата во пловилото имало 50 хиндуистички аџии.

Бродот потона на реката Каротоа во близина на градот Бода во северниот дел на Бангладеш.