Повеќето од жртвите биле ученици во исламско училиште на возраст од шест до 12 години, а отишле на верски настан, јави Би-Би-Си.
Локалната полиција соопшти дека седуммина преживеани се префрлени во болница, додека потрагата по исчезнатите продолжува.
Причината за превртувањето на бродот не е позната, но слични инциденти имало и претходно, а причините биле претежно пренатрупаност на бродот или лошо одржување. Исто така, нема доволно прописи за утврдување на безбедноста на патниците.
На бродот имало повеќе од 50 луѓе, кои од селото Бадау оделе кон градот Багваи кога се превртел.
Пред две недели, најмалку седум девојчиња се удавија кога нивниот брод се преврте во блиската нигериска држава Џигава, додека во мај, повеќе од 100 луѓе загинаа во државата Кеби во сличен инцидент.