Најмалку седум лица загинаа во вчерашниот пожар што избувна во магацин за цвеќе во Москва, соопшти руската Служба за цивилна заштита.

Седум работници се спасени од пожарот, што беше изгаснат по неколку часа. Во гаснењето на огнот што зафати околу 2.500 метри квадратни учествуваа три хеликоптери, противпожарен воз и 80 пожарникари.

Според првичната истрага причина за пожарот е дефект на електричниот систем за греење на магацинот.