Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19починати лица: 12 починати лица од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г), 2 починати лица од Куманово (71г и 42г) и по едно починато лице од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г)и Македонска Каменица (87г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.