Приватната дискотека „Пулс“ каде вчеравечер се случи несреќата на настапот на ДНК работела години наназад. Според информации кои стигнаа до Радио Лидер приватната дискотека работела со години наназад со различна сопственичка структура. Се менувале сопствениците, но тој којшто е приведениот утрово постојано бил дел од сопственичката структура. Лиценцата му била до 24 март.

Тошковски се обрати

Пожарот кој избувна во објектот бил предизвикан од пиротехнички средства. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека досега бројот на загинати лица е 51, а стотина се повредени.

Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани

Голема трагедија во Кочани

Се запали дискотека за време концерт на дуото ДНК, има жртви и повредени. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Бројот на жртви неофицијално е 51 лице, а бројката на повредени во пожарот дополнително ќе се утврдува.

Пожарот според неофицијални информации настанал од употреба на пиротехнички средства, се запалил оган, а потоа настанало стампедо. Дел од лицата починале бидејќи се задушиле.