Доделување на Државната награда „8 Септември“ за животно дело и спорт
Државната награда „8 Септември“ денеска ќе им биде врачена на спортски работници и спортисти. Свечената церемонија што ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието. Ова признание претставува највисоко државно одликување за животно дело и за значајни остварувања во областа на спортот.
Добитник на наградата за животно дело за 2025 година е Јошко Миленковски, за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународно ниво.
Покрај него, признанија за значајни спортски достигнувања ќе им бидат врачени и на Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев – спортисти, тренери и спортски работници кои оставиле силен белег во македонскиот спорт.
Наградите ги доделува Одборот, кој традиционално ја организира оваа свеченост во пресрет на Денот на независноста.