На погребот на принцот Филип, Кејт Мидлтон се појави со накит што носи скриена порака за солидарност.
Кејт пристигна во Виндзор на погребот со ѓердан кој и припаѓаше на кралицата Елизабета Втора со дијамантски обетки и облечена во црн костум. Тој ѓердан и обетки од истиот сет беа знак на солидарност со кралицата.
Кејт овој комплет накит го носеше во неколку наврати, а се вели дека кралицата Елизабета Втора го добила како подарок кога се омажила за принцот Филип во 1947 година.
Изминатите години, Кејт многупати се позајмуваше накит од кралицата, а денес избра парчиња кои имаат посебна сентиментална вредност.
Во дворецот Виндзор денеска се одржува погребот на сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, кој почина на 9 април, на 99-годишна возраст.