Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи опаѓање од 7.3 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.9 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 %, Капитални производи за 2.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.5 %.