Речиси двојно е намален водостојот на Лепенец кај Скопје и на Крива Река кај Крива Паланка, споредено со јунскиот просек, а намалени се и водостоите на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце, Струмица кај Ново Село, Црна река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун.

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека водостојот на Вардар кај Велес е за 30 сантиметри под просекот за јуни, во рамки на просекот е кај Демир Капија, а кај Јегуновце и Скопје Железнички мост бележи зголемување за девет односно шест сантиметри. Со зголемен водостој се и Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево. Водостоите на Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро исто така се во рамки на просекот за јуни.