Наместо на Градски стадион, македонските министри го следаа натпреварот меѓу Албанија и Фарските острови.
Вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Англија од трибините на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје меѓу многубројната публика го следеа и премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Високи државни функционери од Македонија го следеа и мечот помеѓу Албанија и Фарските острови од трибините на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана.
Меѓу нив беа, вицепремиерот Артан Груби и министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со министерот за правда Кренар Лога. Албанија ја бодреа и членовите на „Европскиот сојуз за промени“, Изет Меџити, Биљал Касами, Африм Гаши и Висар Ганиу.