Предлогот го стави претседателот Џафери на гласање, и за него гласаа 53 пратеници.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара процедурално.

– Зошто го правите овој циркус во Собранието? Зошто не го прифаќате нашиот предлог? Врз основа на што вие повикувате да не се одржи седница на пратенички прашања, туку 36-та седница? Дали сте свесни дека правите преседан, дека првпат се прекинува седница на пратенички прашања. Кога има ваква седница, никогаш не се закажува друга седница. Само прашувам дали сте свесни дека правите преседан кој првпат го правите во последните 30 години“, рече Мицевски.

Мицевски претходно одржа прес-конференција на која порача владеачката коалиција да закаже пленарна седница да се изгласаат петиот сет мерки.

Џафери, пак, му одговори дека така е деловникот, дека пратениците одлучуваат како ќе работат.

– Јас не одлучувам за работата, туку пратениците, му одговори Џафери.

Се јави и Скендер Реџепи кој побара на итна седница да се донесе Законот за државјанство.

Претходно процедурално побара и Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ кој искажа поддршка на Џафери за наместо седница за пратенички прашања, да се одржи 36-тата седница.