Четиринаесетгодишен ученик се здобил со расекотина на раката откако, според пријавата во полиција, соученик го нападнал со остар предмет. Настанот се случил вчера околу 9 часот во тоалет на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Двајцата ученици во тој момент биле во училиштето. Нападот го пријавила мајката на повреденото момче, 43-годишна скопјанка, која во попладневните часови се обратила во СВР Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
