Познатиот српски тиктокер Андрија Миливојевиќ – Вајваи бил претепан пред неколку ноќи во Смедерево, јавуваат локалните медиуми.

Како што се наведува понатаму, со него вечерта во близина на музејот биле неговите пријатели и колеги, тиктокерот Михаел Ибрановиќ – Михалере од Хрватска, Јутјуберот Милош Шариќ – Шарке и синот на Мики Пањковиќ, Јутјубер и фризер Воислав Пањковиќ.

Засега непознати мажи прво вербално ги нападнале, а потоа и физички. Тие прво го нападнале најпопуларниот тиктокер во Србија. Физички бил нападнат само Вајваи, другите вербално.

-Детали од тепањето биле снимени и на мобилни телефони, па има снимки и слики од овој немил настан, објавија локалните медиуми.

Вајваи прво негираше дека инцидентот се случил. Меѓутоа, кога слушнал дека има видео, признал дека се случило тоа, но не сакал многу да зборува.

-Немам повреди, ниту јас ниту моите пријатели. Не знам зошто не нападнаа. Не би сакал да зборувам за тоа, би сакал снимките да не се објавуваат, изјави Андрија.