Во синоќешната страотна сообраќајна несреќа во скопската населба Бутел загина пешак при судир на два автомобили на крстосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка„ со „Македонско-косовска ударна бригада“, објави Алсат.

-Во 23.25 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Словенечка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото „мерцедес“ удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје, соопшти МВР.

Тешко повреденото момче било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнало на повредите. Смртта била констатирана од лекар во Ургентниот центар.

Во видеото од безбедносните камери се гледа како настрада младиот скопјанец додека стои на пешачкиот остров на крстосницата, кога пред него се судираат двете возила.

Напоменуваме, ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!