Жена од Скопје пријавила дека била физички нападната на пешачки премин во скопската населба Ѓорче Петров.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 23:00 часот во СВР Скопје, М.А. (34) од Скопје пријавила дека на 26 јули 2026 година околу 19:00 часот, на пешачки премин на подрачјето на Ѓорче Петров, била нападната од едно лице.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
