Институцијата Народен правобранител ќе работи на случајот со 17 годишникот со аутизам за кој медиумите објавија дека имал нехуман однос во Психијатриската болница во Демир Хисар. Ова настан во Тетово го најави во одговор на новинарски прашања државниот советник во Народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.
– Слушнавме за настанот, објавија повеќе медиуми. Согласно надлежностите, отворивме предмет по сопствена иницијатива. Ќе ги преземе сите мерки за испитување на случајот, имајќи предвид дека немаме директна претставка директно од родителот како би можеле да ги добиеме основните податоци. Но и овие се доволни за да иницираме една постапка. Да бараме од надлежните органи да се направи надзор над работата на установата и секако да бараме соодветни информации за изнесени наоди на родителот преку медиумите за начинот на којшто детето беше третирано додека било сместено во установата, истакна Васка Бајрамовска Мустафа.
Таа потсети дека лани исто така реагирала за здравствената установа од Демир Хисар за тамошните општи услови за третман.
Институцијата Народен правобранител вршејќи го мандатот на национален превентивен механизам, посетувајќи ја оваа установа мината година излезе со остри осуди или критики за условите во којшто се генерално сместени лицата во установата. Со соодветни препораки за тоа што треба да се преземе во која насока, бидејќи нешто што не треба да дозволиме нехуман однос, или сместување на граѓани во несоодветни услови. Верувам дека што поскоро треба да бидат преземени мерки со цел ваквите установи треба да бидат места од аспект на кадар и од аспект на стручност и од аспект на третман и однос, ќе одговорат на стандардите кои ги налагаат меѓународните конвенции, меѓународните стандарди за почитување бидејќи во спротивно кршиме многу права кршиме многу и закони и конвенции кои ги имаме ратификувано како држава, посочи Васка Бајрамовска Мустафа.
Таа учествуваше на панел-дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“.