Омбудсманот рече дека барањето е поднесено во средата и очекува дека ќе добие одговор од министерството за осум дена, по што правобранителството ќе се обрати до Владата да превземе мерки во однос на МВР, односно кон одговорните лица.
„Во текот на оваа недела имавме јавни обраќања за свидетелства и за личните документи. За дел од проблемите за регистарските таблици има индивидуални преставки, но и по службена должност отворивме предмет. Констатиравме дека граѓаните се ставени во незавидна ситуација и им се ускратуваат елементарни права за управување со своите возила и напуштање на земјата.
Побаравме внатрешната контрола откако ќе ја лоцира одговорноста, да превземе соодветни мерки за одговорните лица“, рече Зибери.