Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на новинарско прашање за можна поддршка од други партии потенцираше дека СДСМ ја води кампањата самостојно, нудејќи кандидати со докажан капацитет и кредибилитет.
Следи целото соопштение
„Филипче: Нудиме кандидати со професионалност и личен интегритет
На новинарско прашање дали СДСМ очекува поддршка од ДУИ и од Левица во одредени општини, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави:
„Немаме таква соработка. Нашата политичка кампања ја водиме заедно со нашата политичка партија, со нашата коалиција, автентично така што изгледа. Ги нудиме најдобрите кандидати, тоа се луѓе коишто може целосно да земат секаква одговорност, морална, лична, имаат капацитет, кредибилитет, легитимитет да излезат пред граѓаните, да ги остварат програмите коишто ќе ги ветат и тоа е автентичната наша коалиција – СДСМ и коалициските партии,“ изјави Филипче.“