Случајот со насилството повторно ја отвори дебатата за законски измени

Насилникот од Радовиш, кој беше снимен во живо на ТикТок како напаѓа женско лице, за кое се тврди дека е неговата бремена сопруга, е упатен на психијатриско лекување во Психијатриската болница Негорци. Од СВР Струмица потврдија дека лицето било спроведено на лекување на 27 март 2025 година.

Во официјалното соопштение на полицијата се наведува дека против осомничениот во 2024 година биле пријавени два случаи – едно за „телесна повреда“ и едно за „загрозување на сигурноста“. Двата случаи се целосно расчистени и доставени до надлежното обвинителство.

(ВИДЕО) Семејно насилство во живо: Маж на ТикТок безмилосно тепа бремена жена во Радовиш – Потреба за итна акција

Според статистиките на МВР, во последните две години има благ пораст во пријавувањето на семејното насилство. Сепак, проблемот останува фактот што, доколку жртвата не даде согласност, насилникот не може да биде кривично гонет. Ова е случај и со осомничениот од Радовиш, чија партнерка одбила да поднесе пријава.

Овој инцидент повторно ја отвори дебатата за потребата од законски измени. Се предлага кривичното дело „телесна повреда при семејно насилство“ да се гони по службена должност, без оглед на согласноста на жртвата.

Извор: Телма