Нов случај на меѓуврсничко насилство е регистриран во главен град. Настанот се случил во основно училиште каде малолетник бил цел на физички напад од група врсници.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 18.11.2026 година во 23:10 часот во СВР Скопје, С.М.П.(33) од Скопје пријавила дека околу 17:00 часот во тоалет од основно училиште на подрачјето на Радишани, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.
Од полицијата информираат дека по пријавата веднаш се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на инволвираните лица.
