Во основно училиште во близина на Виена наставничка предизвикала кластер на инфекција со коронавирусот -17 потврдени случаи на инфекција, што е најголемиот активен кластер во Австрија.
Локалните медиуми јавија дека наставничката предавала без заштитна маска.
Според Здравствената канцеларија на Долна Австрија, 10 одделенија и 154 лица во моментов се во карантин поради тој кластер.