Во подкастот на радио Лидер ”еспресо со Златев и Боцевски”, гостин беше потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Темите кои беа начнати, беа моментално жешките теми кои впрочем се и најактуелни, а тоа се темите за протестите во Скопје и вината која властите во Македонија и Скопје ја имаат за истите.
Данела Арсовска се покажа како тотално неспособен градоначалник, која место да се посвети на градот се посвети на тајно политичко кокетирање со власта и со Димитар Ковачевски соопшти Стоилковски. Стоилковски кој впрочем беше жесток противник на работата на Петре Шилегов, а сега е и жесток противник на работењето и неспособноста на Данела беше запрашан од Златев што мисли дали Петре можеби бил за нијанса подобар и поспособен градоначалник на што Стоилковски одговори:
Ниту Петре, ниту Данела не направија ништо позитивно за Скопје, Петре се китеше со малкумина проекти кои едвај ги сработи а беа донесени во времето на Коце Трајановски.
Повеќе од целата емисија можете да погледнете ТУКА.